Српските преставници во Лигата на Европа, Црвена Ѕвезда и Партизан добија квалитетни, а не и атрактивни противници во имињата на ЦСКА Москва односно Викторија Плзен во 1/16 финалето во најмасовното клупско натпреварување.

Првите натпревари од нокаут фазата се играат на 15 февруари, а реваншите се седум дена подоцна на програмата. Црвена Ѕвезда и Партизан првите мечеви ги играат на домашен терен, но поради правилата на УЕФА, најверојатно еден од тимовите ќе игра во друг ден, односно во вторник или среда. 

Двојки:

Борусија Дортмунд – Аталанта

Ница – Локомотив Москва

Копенхаген – Атлетико Мадрид

Спартак Москва – Атлетик Билбао

АЕК – Динами Киев

Селтик – Зенит

Наполи – Лајпциг

Црвена Ѕвезда – ЦСКА Москва

Лион – Виљареал

Реал Сосиедад – Салзбург

Партизан – Викторија Плзен

Стеауа – Лацио

Лудогорец – Милан

Астана – Спортинг Лисабон

Оестерсундс – Арсенал

Олимпик Марсеј – Брага

OhridNews