Австрскиот шампион Салзбург приреди нова сензација во фудбалска Европа, откако во 1/4 финалето во Лигата на Европа го елиминираше италијанскиот калчолигаш Лацио со вкупен резултат 6-5.

„Лацијалите“ на предноста 4-1 од првиот меч додадоа уште еден гол после водечкиот погодок на Чиро Имобиле во 55-та минута. Изнедначувачкиот погодок за домаќините го реализираше Манус Дабур минута подоцна.

Од 72-та до 76-та минута Салзбург постигна три погодоци и обезбеди полуфинале во ЛЕ. За 2-1 погоди Амаду Хаидара, на 3-1 зголеми Хи Чанг Хванг, а голгетерскиот транс го комплетираше Стефан Лајнер. Италијаните неможеаја да се соземат од шокот и не успеаја да креираат шанса за гол кој ќе одвеше во продолженија. 

Во полуфиналето покрај Салзбург обезбедија Арсенал, Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид. Ждрепката е утре во 14 часот.

Резултати: ЦСКА Москва – Арсенал 2-2 (3-6), Олимпик Марсеј – Лајпциг 5-2 (5-3), Салзбург – Лацио 4-1 (6-5), Спортинг Лисабон – Атлетико Мадрид 1-0 (1-2).

OhridNews