Фудбалерите на Севилја ја одбранија гостинската чест во првите осминафинални натпревари во Лигата на Европа победувајќи го Вилјареал со 3-1.


Победата, која широко им ги отвара вратите за четвртфинале гостите ја навија во 13-та секунда кога погодија за 1-0. 26 минути подоцна Севилја зголеми на 2-0.


На стартот од вториот дел „жолтата подморница“ намали на 2-1, а неколку минути потоа Севилја погоди за конечни 3-1.


Во преостанатите седум натпревари на шест се радуваа домаќините, а Рома успеа да остане непоразена во италијанската пресметка со Фиорентина ремизирајќи 1-1.


Реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на Европа се играат следниот четврток.

Резултати : Зенит – Торини 2-0, Бриж – Бешикташ 2-1, Днипро – Ајакс 1-0, Волфзбург – Интер 3-1, Фиорентина – Рома 1-1, Вилјареал – Севилја 1-3, Наполи – Динамо Москва 3-1, Евертон – Динамо Киев 2-1.

Мх.П.