Екипата на Шкендија обезеди капитална предност по првиот меч со Млада Болеслав во третата квалификациска рунда за пласман во Лигата на Европа, откако со 2-0 славеше на националната „Филип Втори“.
Тетовските „црвено црни“ гостите од Чешка ги добија во вториот дел од натпреварот. Прво, гостите останаа со фудбалер помалку, црвен картон доби Лукас Хулка.
Бројчаната предност на теренот домаќините ја искористија во 69-та и 75-та минута кога со головите на Жуниор и Ферхан Хасани поведоа и го дуплираа водството.
Тетовчани на реваншот ќе имаат задача да ја задржат предноста од првиот меч и да обезбедат пласман во четвртата последна рунда од квалификациите за пласман во ЛЕ.
OhridNews