Кошаркарите на Олимпијакос се првите финалисти во Евролигата откако во полуфиналето со 70-68 го совладаа тимот на ЦСКА од Москва.
„Црвено белите“ иако имаа негатива во поголем дел од натпревар во финишот смогнаа сили и направија комплетен пресврт.
Клучните поени за пласман во финалето ги постигна Василис Спанулис на десет секунди од крајот на мечот кога не погреши од линијата за три поени.
Во финалето трикратниот првак на Европа ќе се сретне со победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу Реал Мадрид и Фенербахче.
Мх.П.