Првите мечеви од 1/16 финалето во Лигата на Европа ги одбележаа неколку спектакуларни голови и атрактивни одбрани.


Погодоци во просек не се постигнуваа многу, но неколку има за кои ќе се зборува долго време. Изедначувачкиот гол на Федерико Бернардерски на мечот меѓу Фиорентина – Тотенхем ги најави неколкуте кои следуваат.

Шпанските екипи Виљареал и Атлетик Билбао извојуваа победи со по еден погодок против Наполи односно Олимпик Марсеј, ама каков. Mарио Суарез од слободен удар со помош од гредата го матираше Пепе Реина кој час претходно имаше фантастична интервенција.


Лепезата на убави погодоци ја заокружуваме со Адуриз кој донесе важна победа за Атлетик во францускиот град Марсеј.

 
Реванш мечевите од 1/16 во Лигата на Европа се играат за една седмица, а до тогаш уживајте во погодоците од првите натпревари.

OhridNews