Македонскиот репрезентативец Муарем Муарем и неговиот тим Карабах не успеаја да обезбедат пласман во нокаут фазата откако пред своите гледачи ремизираа со Интер 0-0.


Играчите на домашниот состав во самиот финиш од мечот постигнаа погодок и стадионот експолодираше, но асистентот на главниот судија го поништи погодок за наводен офсајд на фудбалер, кој воопшто не ја ни допре топката.


Ремито без голови во Карабах го искористи Днипро, кој со победа над Сент Етјен 1-0 го чекираше пласманот во нокаут фазата.

Мх.П.