Борусија Дортмунд зачекорикон четвртфиналето во Лигата на Европа откако со 3-0 пред своите гледачи го совлада Тотенхем. 


„Милионерите“ во првиот осминафинален натпревар комплетно ја оправдаа улогата на фаворит и веројатно решија поголем дел од дилемите за пласман меѓу осумте најдобри.

Убедливата победа на „Сигнал Идуна Парк“ ја најави најдобриот голгетер Пјер Америк Обамејанг со голот во 30-та минута.

 
После еден час игра Марко Ројс ја дуплираше предноста за домаќините, а печат на големата победа стави истиот фудбалер со вториот погодок на мечот.

 
Резултати: Фенербахче – Брага 1-0, Борусија Дортмунд – Тотенхем 3-0, Шахјтор – Андерлехт 3-1, Базел – Севиља 0-0.

OhridNews