Манчестер Јунајтед во голем стил со убедлива победа (5-1) му возврати на Митјиланд за поразот во првиот меч од двомечот во 1/16 финалето во Лигата на Европа.
Херој во победата на „црвените ѓаволи“ е Маркус Рашфорд кој во стартниот состав влезе после повредата на Ентони Марсијал при загревањето. 18-годишниот фудбалер ги постигна вториот и третиот погодок за домаќините кои лошо го отворија мечот.
Данците во 28-та минута го замолкнаа Олд Трафорд поведувајќи со 1-0, но домаќините возвратија по само пет минути и со автоголот на Бодуров изедначија 1-1.
Пред крајот на првиот дел Хуан Мата не реализираше пенал и прокоцка одлична шанса да ја анулира предноста на Митјиланд од првиот натпревар.
Во второто полувреме на сцена стапи младиот фудбалер Маркус Рашфорд. „Џокерот“ во 64-та минута погоди за 2-1, а во 75-та уште еднаш погоди овој пат за 3-1.
Во финишот домаќините со головите на Андер Ерера и Мемфис Депај ја заокружија брилијатната партија и го заверија пласманот во осминафиналето.
Резултати:
Локомотив – Фенербахче 1-1 (0-2)
Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј 1-1 (1-0)
Леверкузен – Спортинг 3-1 (1-0)
Краснодар – Спарта Прага 0-3 (0-1)
Лацио – Галатасарај 3-1 (1-1)
Ливерпул – Аугзбург 1-0 (0-0)
Рапид Виена – Валенсија 0-4 (0-6)
Шалке – Шахјтор Доњецк 0-3 (0-0)
Базел – Сент Етјен 2-1 (2-3)
Порто – Борусија Дортмунд 0-1 (0-2)
Манчестер Јунајтед – Митјиланд 5-1 (1-2)
Молде – Севиља 1-0 (0-3)
Олимпијакос – Андерлехт 1-0 (1-0)
Наполи – Виљареал 1-1 (0-1)
Тотенхем – Фиорентина 3-0 (1-1)
OhridNews











