Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед е најсериозен кандидат за освојување на титулата во Лигата на Европа, а вистинскиот тест ќе го имаат вечерва во Шпанија каде ќе се сретнат со тимот на Селта Виго.
Во пресрет на првиот полуфинален натпревар „црвените ѓаволи“ се соочуваат со огромен број на повреди, но поради слабиот учинок во Премиер лигата англичаните спас гледаат во најмасовното клупско натпреварување.
– Нашиот згуснат распоред во финишот треба да го разбериме како награда дека не калкулиравме во тековната сезона. Во Виго одиме со свои очекувања и математики. Се работи за добра и квалитетна екипа која сака да се надигрува, а наша задача ќе биде да одиграме најдобро што можеме, бидејќи само така имаме шанса за поволен резултат. – изјави Жозе Мурињо.
Во втората полуфинална двојка Ајакс со 4-1 славеше против Лион во натпреварот кој се одигра синоќа на „Јохан Кројф“ арената.
OhridNews