Манчестер Јунајтед и Рома ја потврдија својата класа во првите мечеви од 1/16 финалето во Лигата на Европа победувајќи ги своите ривали Сент Етјен (3-0) односно Виљареал (4-0).


На крилата од Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна трите погодоци „црвените ѓаволи“ ја оправдаа фаворитската улога во мечот на Олд Трафорд. Швеѓанецот прецизно стрелаше во 15-та, 75-та и 88-та минута за мирен и спокоен реванш во Франција.


„Волчицата“, пак, добрите игри од Серија А ги преслика во Лигата на Европа и го отпиша шпанскиот состав уште по првиот натпревар. Главна улога во триумфот на Рома беше Един Џеко кој три пати се запиша во листата на стрелци, а убедливата победа ја најави Емерсон.


Покрај мајсториите и головите на Ибрахимовиќ и на Џеко првата рунда од 1/16 финалето во Лигата на Европа го одбележа провокатарскиот транспарент на мечот меѓу ПАОК и Шалке. Грчките навивачи со провокативна содржина намената за нашата земја навиваа на дуелот со германиците кои се „прошетаа“ победувајќи 3-0.

Резултати: Краснодар – Фенербахче 1-0, АЗ Алкмар – Лион 1-4, Астра – Генк 2-2, Селта Виго – Шахјтор Доњецк 0-1, Ростов – Спарта Прага 4-0, Гент – Тотенхем 1-0, Лудогорец – Копенхаген 1-2, Борусија Менхенгладбах – Фиорентина 0-1, Олимпијакос – Османлиспор 0-0, Андерлехт – Зенит 2-0, Атлетик Билбао – АПОЕЛ 3-2, Хапоел Беер Шева – Бешикташ 1-3, Легија – Ајакс 0-0, Мен Ју – Сент Етјен 3-0, ПАОК – Шалке 0-3, Виљареал – Рома 0-4.

Фото: Грчка провокација за Македонија на меч од Лигата на Европа

OhridNews