Манчестер Јунајтед без капитенот Вејн Руни во составот ќе ги одмери силите со Митјиланд во првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Европа.
Се уште не е познато зошто менаџерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал го изостави капитенот од тимот кој отпатува во Данска.
Покрај најдобриот голгетер во новата година англискиот премиерлигаш ќе биде без Матео Дармијан, Мароуне Фелаини и левиот бек Камерон Бортвик-Џексон.
Шанса во Данска во првиот меч од 1/16 финале ќе добијат помладите фудбалери и оние постарите кои не играат многу сезонава.
OhridNews










