Англискиот премиерлигаш Ливерпул ги помести границите во фудбалот откако со фантастичен пресврт ја совлада Борусија Дортмунд 4-3 и со вкупни (5-4) се пласираа во полуфиналето од Лигата на Европа.
„Милионерите“ одлично со головите на Михтиријан и Обамејанг го започнаа мечот и поведоа со 2-0. „Црвените“ се вратија во игра на стартот од вториот дел откако Ориги намали на 2-1. Нови два погодоци предност за германците донесе Ројс во 57-та минута.
Тогаш, апсолутно никој не се надеваше во чудо на Енфилд, но домаќините до 78-та минута изедначија 3-3 со погодоците на Коутињо и Сако. Во судиското продолжение Ливерпул преку Ловрен го постигна четвртиот погодок за тотално лудило на Енфилд и пласман во полуфиналето.
Резултати: Ливерпул – Борусија Дортмунд 4-3 (5-4), Севиља – Атлетик Билбао 1-2 (3-3, 5-4 пенали) продолженија, Шахјтор – Брага 4-0 (6-1), Спарта Прага – Виљареал 2-4 (3-6).
OhridNews