Со гостинските победи над Јанг Бојс (4-1) односно Трабзонспор (4-0) во првите натпревари од 1/16 финалето екипите на Евертон и Наполи со една нога обезбедија пласман во следната фаза.


„Азурите“ уште во првиот половина час имаше предност од три погодоци со головите на Енрике, Габианди и Игуаин. Точка на уверливата победа стави Запата во вториот дел.


„Карамелите“ имаа негатива од 1-0, но со трите погодоци на Лукаку и еден на Колман не само што направија пресврт туку го разрешија патникот во 1/8 финалето.


Резултатит : Алборг – Бриж 1-4, Днипро – Олимпијакос 2-0, ПСВ – Зенит 0-1, Рома – Феенорд 1-1, Торино – Атлетик Билбао 2-2, Трабзонспор – Наполи 0-4, Волфзбург – Спортинг 2-0, Јанг Бојс – Евертон 1-4.

Ohridnews