Испразнетото место во Лигата на Европа по суспензијата на Динамо Москва куќата на фудбалот (УЕФА) го пополна со Рубин Казан.
УЕФА го суспендираше тимот од Москва со остранување од натпреварите под нејзина капа поради кршење на правилата за фер плеј при купувањето на играчи.
Рубин Казан во Лигата на Европа ќе стартува од третото квалификационо коло кое ќе почне на 30 јули.
Двократниот првак на Русија минатата сезона заврши на петтата позиција во националниот шампионат една подолу од Динамо Москва.
Клубот за да не го прекрши финансискиот фер плеј треба да потроши онолку колку што заработил претходната сезона.
Ohridnews