Екипата на Валенсија е една од сигурните учесници во 1/8 финалето во Лигата на Европа откако во првиот меч од 1/16 финалето со 6-0 го совлада тимот на Рапид Виена.
„Лилјаците“ сиот свој бес за лошите резултатите последниов период го истурија против австријците кои се надеваа на поволен резултат пред реванш мечот на Ернс Хапел.
На Местаља домаќините пет голови постигна во првиот дел, а победата ја запечатија со уште еден погодок во вториот дел.
Резултати: Аугзбург – Ливерпул 0-0, Галатасарај – Лацио 1-1, Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао 0-1, Шахтјор – Шалке 0-0, Сион – Брага 1-2, Спарта Прага – Краснодар 1-0, Спортинг – Баер Леверкузен 0-1, Валенсија – Рапид Виена 6-0.
OhridNews











