Македонскиот преставник во европските клупски натпреварувања, Вардар со реми против Розенборг (1-1) ја заврши дебитанската сезона во фазата по групи во Лигата на Европа.

„Црвено црните“ можат да жалат за целиот плен кој со играта и желбата комплетно го заслужија. „Вардарци“ поведе во 9-та минута со голот на Итало, а имаа уште неколку прилики за втор погодок.

Нереализираните прилики сурово ги казни гостинскиот состав во втората минута од судиското продолжение од првиот дел кога преку Никлас Бендтнер од пенал го изедначи резултатот. 

Во второто полувреме фудбалерите на Вардар имаа одново неколку шанси за голови, но ударите на офанзивните фудбалери не ја погодија целта.

Вардар со освоениот бод не ја подобри позицијата на табелата, но избегна да стане најлош дебитант во Лигата на Европа.

Резултати:

Група А: Славија Прага – Астана 0-1, Виљареал – Макаби Тел Авив 0-1

Табела: Виљареал 11, Астана 10, Славија Прага 8, Макаби Тел Авив 7

Група Б: Динамо Киев – Партизан 4-1, Јанг Бојс – Скендербег 2-1

Табела: Динамо Киев 11, Партизан 8, Јанг Бојс 6, Скендербег 5,

Група Ц: Хофенхајм – Лудогорец 1-1, Истанбул Басакшехир – Брага 2-1

Табела: Брага 10, Лудогорец 9, Истанбул Басакшехир 8, Хофенхајм 5

Група Д: Австрија Виена – АЕК 0-0, Ријека – Милан 2-0

Табела: Милан 11, АЕК 8, Ријека 7 Австрија Виена 5

Група Е: Аполон Лимасол – Евертон 0-3, Аталанта – Лион 1-0

Табела: Аталанта 14, Лион 11, Евертон 4, Аполон Лимасол 3,

Група Ф: Копенхаген – Шериф 2-0, Жлин – Локомотив Москва 0-2

Табела: Локомотив 11, Копенхаген 9, Шериф 9, Жлин 2

Група Г: ФЦСБ (Стеауа) – Лугано 1-2, Хапоел Беер Шева – Викторија Плзен 0-2

Табела: Викторија Плзен 12, ФЦСБ (Стеауа) 10, Лугано 9, Хапоел Беер Шева 4

Група Х: Арсенал – Бате Борисов 6-0, Црвена Ѕвезда – Келн 1-0

Табела: Арсенал 13, Црвена Ѕвезда 9, Келн 6, Бате Борисов 5

Група И: Олимпик Марсеј – Салзбург 0-0, Виторија Гимараеш – Коњаспор 1-1

Табела: Салзбург 12, Олимпик Марсеј 8, Коњаспор 6, Виторија Гимараеш 5

Група Ј: Херта – Оестерсундс 1-1, Зорија – Атлетик Билбао 0-2

Табела: Оестерсундс 11, Атлетик Билбао 11, Зорија 6, Херта 5

Група К: Витесе – Ница 1-0, Зулте Варегем – Лацио 3-2

Табела: Лацио 13, Ница 9, Зулте Варегем 7, Витесе 5

Група Л: Вардар – Розенборг 1-1, Реал Сосиедад – Зенит 1-3

Табела: Зенит 16, Реал Сосиедад 12, Розенборг 5, Вардар 1

OhridNews