Македонскиот фудбалски првак и преставник во Лигата на Европа, Вардар во Скопје пред своите гледачи против тимот на Розенборг ќе го одиграа последниот натпревар во дебитанскиот настап во фазата по групи.

„Црвено црните“ посакуваат со позитивен исход победа или реми да стават точка на европското поглавје за оваа сезона.

– Ова за нас е последен натпревар во Лигата на Европа, ова ни служеше да собираме добро искуство, и ние како стручен штаб и фудбалерите видовме што значи да се игра во една ваква Лига. Овие мечеви треба да ни бидат мотив за следните сезони исто така да се обидеме да обезбедиме учество во вакви натпреварувања, бидејќи од овие фудбалери еден ден многумина ќе играат надвор, да знаат што ги очекува, и како е да се игра во Европа. Во овој последен натпревар сакаме да ги освоиме првите бодови, затоа што освен искуството мора да гледаме и резултатски. Знаеме дека резултатски не поминавме добро. На гостувањата бевме блиску, против Розенборг на гости одигравме добар натпревар со шанси, но за жал го загубивме. Овој меч ни е последен натпревар, последна шанса да дојдеме до бодови. Како тоа би го направиле? Со еден добар пристап организациски, тактички, желба, знаење и верба во своите квалитети и пред нашата публика, бидејќи знаеме дека двата меча дома не ги одигравме на нивото и доживеавме порази кои и ден денес не болат. Кончено очекувам со поддршка на нашата публика да ги освоиме тие бодови. – изјави Чедомир Јанески тренерот на Вардар.

Натпреварот на Националната арена „Филип Втори“ се игра во 21 часот и 5 минути.

Двојки:

Група А: Славија Прага – Астана (19ч), Виљареал – Макаби Тел Авив

Табела: Виљареал 11, Славија Прага 8, Астана 7, Макаби Тел Авив

Група Б: Динамо Киев – Партизан, Јанг Бојс – Скендербег

Табела: Динамо Киев 10, Партизан 8, Скендербег 5, Јанг Бојс 3

Група Ц: Хофенхајм – Лудогорец, Истанбул Басакшехир – Брага

Табела: Брага 10, Лудогорец 8, Истанбул Басакшехир 5, Хофенхајм 4

Група Д: Австрија Виена – АЕК, Ријека – Милан

Табела: Милан 11, АЕК 7, Австрија Виена 4, Ријека 4

Група Е: Аполон Лимасол – Евертон, Аталанта – Лион

Табела: Аталанта 11, Лион 11, Аполон Лимасол 3, Евертон 1

Група Ф: Копенхаген – Шериф, Жлин – Локомотив Москва

Табела: Шериф 9, Локомотив 8, Копенхаген 6, Жлин 2

Група Г: ФЦСБ (Стеауа) – Лугано, Хапоел Беер Шева – Викторија Плзен

Табела: ФЦСБ (Стеауа) 10, Викторија Плзен 9, Лугано 6, Хапоел Беер Шева 4

Група Х: Арсенал – Бате Борисов, Црвена Ѕвезда – Келн

Табела: Арсенал 10, Црвена Ѕвезда 6, Келн 6, Бате Борисов 5

Група И: Олимпик Марсеј – Салзбург, Виторија Гимараеш – Коњаспор

Табела: Салзбург 11, Олимпик Марсеј 7, Коњаспор 5, Виторија Гимараеш 4

Група Ј: Херта – Оестерсундс, Зорија – Атлетик Билбао

Табела: Оестерсундс 10, Атлетик Билбао 8, Зорија 6, Атлетик Билбао 4

Група К: Витесе – Ница, Зулте Варегем – Лацио

Табела: Лацио 13, Ница 9, Зулте Варегем 4, Витесе 2

Група Л: Вардар – Розенборг, Реал Сосиедад – Зенит

Табела: Зенит 13, Реал Сосиедад 12, Розенборг 4, Вардар 0

OhridNews