Македонскиот вицепрвак Металург претпре пораз од 3-0 од полскиот Рух во реванш мечот и со севкупни 6-1 е елиминиран во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Целата работа гостите ја завршија во воведниот дел од мечот кога со головите на Јаношка и Страка ставија крај на надежите на избраниците на Христов дека може да направат сензација. Победата ја потврди Пеих.

За скопски Металург ова беше 8 настап во европските натпреварувања. Ниту во својот осми меч “зелените“ не успеаа да забележат победа. Мала утеха може да биде податокот кој вели оти оваа година успеаа да ја минат првата квалификациска рунда, што во ланските две сезони не им поаѓаше од рака.

М.П.