Рускиот гигант Зенит го освои целиот плен во Скопје совладувајќи го Вардар на „Филип Втори“ со 5-0 во првата рунда од групната фаза во Лигата на Европа.
Фаворитската улога гостински фудбалери ја оправдаа во почетните 20 минути во кои постигнаа два погодоци преку Алексндер Кокорин.
Истиот фудбалер пред финишот на првиот дел несебично асистираше до Артем Џуба кој го зголеми резултатот на 3-0.
Во вториот дел и со половина сили Зенит успеа да постигне уште два погодоци во мрежата на Вардар и да ја завери победата. Четвртиот погодок беше дело на Бранислав Ивановиќ, а петтиот на Ригони.
Во групата Л каде се наоѓа нашиот Вардар, Реал Сосиедад со убедливи 4-0 го совлада Розенборг и му ја фрли ракавицата на Зенит пред меѓусебниот дуел во втората рунда. „Црвено црните“ гостуваат во Норвешка кај тимот на Розенборг.
Резултати:
Група А: Славија Прага – Макаби Тел Авив 1-0, Виљареал – Астана 3-1
Група Б: Динамо Киев – Скендербеу 3-1, Јанг Бојс – Партизан 1-1
Група Ц: Хофенхајм – Брага 1-2, Истанбул Башекшехир – Лугодорец 0-0
Група Д: Австрија Виена – Милан 1-5, Ријека – АЕК Атина 1-2
Група Е: Аполон – Лион 1-1, Аталанта – Евертон 3-0
Група Ф: Копенхаген – Локомотив 3-0, Жлин – Шериф 0-0
Група Г: ФЦСБ (Стеауа) – Викторија Плзен 3-0, Хапоел Беер Шева – Лугано 2-1
Група Х: Арсенал – Келн, Црвена Ѕвезда – Бате Борисов 1-1
Група И: Олимпик Марсеј – Коњаспор 1-0, Виторија Гимараеш – Салзбург 1-1
Група Ј: Херта – Атлетик Билбао 0-0, Зорија – Остерсундс 0-2
Група К: Витесе – Лацио 2-3, Зулте Варегем – Ница 1-5
Група Л: Вардар – Зенит 0-5, Реал Сосиедад – Розенборг 4-0.
Фото: Гол.мк
OhridNews