Екипите на Зенит, Тотенхем и Атлетик Билбао ги завршија своите настапи во Лигата на Европа, откако не успеаја да ги минат Андерлехт, Гент и АПОЕЛ во 1/16 финалето.


Русите забележаа победа 3-1, но белгијците во првиот меч славеа со 2-0 и поради голот постигнат во реванш мечот обезбедија пласман понатаму.


Премиерлигашот Тотенхем без триумф се збогува од Европа. Тимот на Гент на Вембли остана непоразен ремизирајќи 2-2 и со вкупни 3-2 го елиминираше еден од фаворитите за висок пласман во Лигата на Европа сезонава.


Иста судбина доживеа и Атлетик Билбао кој на гостувањето во Тел Авив претрпе пораз 2-0 и не ја одбрани минималната предност (3-2) од првиот натпревар.

Покрај елиминациите на трите екипи од водечките првенства за издвојување е пласманот на Борусија Менхенгладбах во 1/8 финалето елиминирајќи ја Фиорентина со вкупен резултат 4-3. Германците изгубија на домашен терен 1-0, а во текот на реваншот имаа негатива 2-1, но со три голови го свртеа резултатот и се пласираа меѓу најдобрите 16-ет екипи.

Двојки: Османлиспор – Олимпиајкос 0-3 (0-0), Ајакс – Легија 1-0 (0-0), АПОЕЛ – Атлетик Билбао 2-0 (2-3), Рома – Виљареал 0-1 (4-0), Бешикташ – Хапоел Беер Шева 2-1 (3-1), Зенит – Андерлехт 3-1 (0-2), Копенхаген – Лудогорец 0-0 (3-1), Фиорентина – Борусија Менхенгладбах 2-4 (1-0), Генк – Астра 1-0 (2-2), Лион – АЗ Алкмар 7-1 (4-1), Шахјтор – Селта Виго 0-2 (1-0), Спарта Прага – Ростов 1-1 (0-4), Тотенхем – Гент 2-2 (0-1).

Во заградите се резултатите од првите натпревари.

OhridNews