Седумчленото семејство лебеди секојдневно ги дружат бројните капачи во езерото вдолж градскиот кеј. Парот лебеди со своите пет млади постојано се меѓу  оние кои од горештините се освежуваат во водата на езерото, повремено застанувајќи доколку некој од присутните им даде храна.


Овој пар на свет своите млади ги донесе во месец април. Станува збор за црвеноклуни  лебеди.

OhridNews