Покрај бројните културно- историски споменици и познати локалитети во Охрид и околината, семејството црвеноклун лебед кое секојдневно може да се забележи во водите на езерото покрај самиот кеј, се најфотографирани од гостите кои престојуваат во градот.
Со својата убавина и грациозност постојано го привлекуваат вниманието на минувачите, кои не можат да одолеат и да не ги фотографираат .
Иако во минатото можеа да се забележат во многу поголем број, сега во водите на езерото има само седум лебеди. Стручните лица сметат дека тоа е последица на се поголемото влијание на човекот врз животната средина и загрозување на нивните природни живеалишта, поради што овие лебедите се принудени да мигрираат кон помирни места.
OhridNews