Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа синоќа на домашен терен Вашингтон по продолжение со 134-131, нанесувајќи му го на гостинскиот тим 13. пораз во серија сезонава во НБА лигата.

Лејкерси до триумфот ги предводеа Ентони Дејвис со 40 кошеви и 15 скокови, и Леброн Џејмс со 31 поени и девет асистенции.

На Џејмс сега му недостасуваат само девет поени да стане првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал 40.000 кошеви.

Во составот на Вашингтон најефикасен беше Џордан Пул со 34 поени.

OhridNews