Вицепрвакот во најсилната кошаркарска лига во светот (НБА), Кливленд објави дека го продолжи договорот со најдобриот кошаркар Леброн Џејмс.
„Кралот“ како што го нарекуваат американците потпиша договор на две години во кои ќе заработи 46,9 милиони долари.
Со потпишувањето на новиот договор Леброн не се откажува од својот сон и даден збор дека ќе ја донесе титулата од НБА лигата во Кливленд.
– Потпишувањето на договорот беше исполнување на неговиот збор даден дека ќе стигниме до титулата. Неговата присутност на теренот е невозможно да се надомести и затоа сите сме среќни поради продолжување на соработката. – рече генералниот директор на „кавси“, Дејвид Грифин.
Џејмс кариерата ја започна во Кливленд откако клубот го избра како прв пик на драфтот 2003 година. После седум години во „кавси“ се пресели во тимот на Мајами со кој освои две титули, а се врати во Кливленд со зборовите „овде имаме недовршена работа“.
Ohridnews