Постапката за легализација се спроведува преку единиците на локалната самоуправа на чие подрачје се изградени објектите.
Заинтересираните лица барањата за легализација може да ги поднесат во рок од 12 месеци сметано од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по секое поднесено барање од страна на единиците на локалната самоуправа издава согласност за потврдување на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште во зависност од видот на објектот, од големината на површината на земјоделското земјиште со кое располага имателот, од број на објекти во иста катастарска општина, и постоечката соодветна патна, комунална и електрична инфраструктура.