Актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид доживеа неверојатна бламажа во Купот на Шпанија, откако претрпе пораз 2-1 и елиминација во 1/4 финалето од Легањес на Сантијаго Бернабеу.

„Кралевите“ имаа минимална предност (1-0) од првиот меч, но на домашен терен место да ја задржат и да ја зголемат ја прокоцкаа и дозволија срам од светски размери.

Во 31-та минута Хавиер Ерасо погоди за гостите и го отвори резултат. Мир во Мадрид донесе Карим Бензема со изедначувачкиот погодок во 47-та минута. После осум минути гостите повторно стигнаа до водство преку Габриел и го задржаа до крај за сензационална победа и пласман во полуфиналето.

Покрај тимот на Легањес пласман обезбеди и Валенсија која после пеналите го елиминираше Алавес, а претходно билетот за ТОП 4 го чекираше Севиља. Полуфиналистите ќе се комплетираат по дуелот помеѓу Барселона и Еспањол на Ноу Кам. Првиот меч заврши во корист на Еспањол 1-0.

OhridNews