Хрватските медиуми, пренесоа дека легендарниот фудбалер на Динамо Загреб, Звездан Цветковиќ (57), утрово бил пронајден мртов во својата гаража.


Звездан Цветковиќ е роден во Карловац на 18.април 1960 година, а најголем дел од кариерата минал во Динамо Загреб, во периодот од 1982 до 1987 година одиграл девет натпревари за репрезентацијата на поранешна Југославија.

Тој е дел од легендарната генерација на Динамо која во 1982 година ја освои шампионската титула во Југославија. За Динамо одиграл 194 натпревари, постигнал 12 голови.

Кариерата, поради тешка повреда, ја завршил во дресот на Валдорф Манхајм. По завршувањето на кариерата работел како тренер во Динамо, Сопот и Борац од Бања Лука.

„Со длабока тага известуваме дека почина легендарниот фудбалер на Динамо Звездан Цветковиќ еден од најдобрите играчи од незаборавната генерација која во 1982 година ја освои титулата во првенството на Југославија“, објави Динамо Загреб.

Причината за смртта не е позната, но како што пренесува порталот „24sata.hr“, станува збор за природна смрт.

OhridNews