Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Иеро ќе ја предводи селекцијата на Шпанија на Светското првенство во Русија кое започнува утре во 17 часот.

Иеро ќе го замени Хулен Лопетеги кој доби експресен отказ ден после промоцијата за нов тренер на Реал Мадрид од шпанската фудбалска федерација.

Некогашниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија во селекцијата ја имаше улогата за спортски директор, но со оглед на новонастаната ситуација мораше да се прекомандува и да го гаси огнот.

„Црвената фурија“ првиот меч на Мундијалот го игра во петок, а противник ќе им биде Португалија предводена од Кристијано Роналдо.

OhridNews