Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес ја воодушеви шпанската и светската јавност, откако учествуваше и успешно го заврши Атлетскиот полумаратонот во Барселона.

Некогашниот капитен на „кралевите“ делницата од 21 километар ја истрча за час и половина покажувајќи добра кондиција и покрај фактот дека фудбалски не е активен неколку години. Честитките и воодушевувањето на сметка од Раул одат поради надминувањето на ривалството помеѓу Мадрид и Барселона на фудбалски план. Клубовите се големи ривали на теренот, но често пати знаат да покажат меѓусебно респектирање и почит.

  • Многу ми се допаѓаше трката и стазата е одлична. Прв пат учествувам на полумаратонот во Барселона и среќен сум што ја завршив трката. – изјави Раул.

На полумаратонот учествувале 19 000 тркачи и вљубеници на трчањето што го прави еден од помасовните во Европа.

OhridNews