Легендата на „сините“, Френк Лампард се врати на Стемфорд Бриџ во улога на менаџер откако со клубот договори тригодишна соработка. Лампард на позицијата менаџер ќе го наследи Маурицио Сари, кој само по една сезона се пресели во Јувентус.
- Неизмесно сум среќен и горд што се враќам во Челси како главен тренер. Сите ја знаат љубовта кон овој клуб.и историјата која пишувавме заедно. Дојдов да работам напорно, да носам успеси затоа што од стара слава не се живее. Искрено не можам да дочекам да почнам да работам и сите заедно да почниме со подготовките за сезоната која доаѓа. – изјави Лампард на презентацијата.
Поранешниот англиски репрезентативец минатата сезона го предводеше Дерби и со клубот успеа да избори бараж но не и пласман во Премиер лигата.
Лампард е една од најголемите легенди на Челси. За „сините“ настапуваше 13 сезони во „златната доба“ кога клубот освои 11 титули а воедно и е најдобар стрелец.
OhridNews