Чуварот на мрежата Питер Шмајхел и Ерик Кантона се легенди во Манчестер Јунајтед освојуваќи титули во Премеир лигата и Лигата на Шампиони, но пред да се преселат на Олд Трафорд биле потенцијални засилувања на Ливерпул.


Мишел Платини лично го препорачал Кантона во Ливерпул на тогашниот менаџер Грем Сунес, кој го проценал Французинот како проблематичен фудбалер.

Шмајхел пак со писмо се обратил до раководството на „црвените“, кој бил подготвен сам да си ги плати патните трошкови и сместувањето во хотелот додека е на проба.

После неколку години од неуспешните трансфери во Ливерпул овој двоец го засили Манчестер Јунајтед, кој беше предводен од Сер Алекс Фергусон.

Токму на плеќите од Кантона се градеше шампионскиот тим на Јунајтед, кој доминираше во Премиер лигата освојувајќи пет од вкупните тринаесет титули во ерата на Фергусон.

Мх.П.