Легендите на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс и Пол Сколс фудбалското знаење во следните две години ќе му го пренесуваат на дечињата, фудбалерите и тренерите во Виетнам.

Гигс и Сколс водени од Сер Алекс Фергусон низ кариерата освоија безброј трофеи ќе застанат на чело од фудбалска академија и ќе имаат тренинзи со дечињата и фудбалерите, а предавања на тема фудбал со тренерите.

Гигс заплива во менаџерските води на островот, откако прво беше прв помошник на Дејвид Мојс, а по неговиот отказ го презеде кормилот на тимот од Олд Трафорд.

Велшанецот им се нудеше на Лестер, Вест Хем и Евертон, откако останаа без менаџери, но клубовите се одлучија за искусни варијанти, бидејќи беа во небрана позиција.

Додека, Сколс после повлекувањето од активното играње фудбал остана во Манчестер Јунајтед, но без некоја посериозна улога.

OhridNews