Екипата на Ливерпул од втор обид успеа да го совлада Плимут (1-0) и да обезбеди пласман во четвртата рунда од ФА Купот.


Стрелец на голот кој го одлучи натпреварот беше Лукас Леива. Бразилецот цели шест години немаше постигнато погодок за „црвените“, а најде вистински момент да го прекине голгетерскиот пост.


Во останатите повратни мечеви од ФА Купот, Њукасл славеше против Бирмингем 3-1, а Саутемптон го совлада Норвич со минимални 1-0.

OhridNews