Поп ѕвездата Лејди Гага обелоденила преку Твитер дека во средата го оперирала колкот и им се заблагодарила на сите обожаватели за поддршката. Таа поради болки во грбот и десниот колк морала да ја одложи турнејата “Born This Way Ball”, а изјавила дека се се одвивало многу брзо и им се заблагодарила на сите кои и дале корисни совети.

Сеуште не е познато кога пејачката ќе може да ја продолжи турнејата. Можно поради откажувањето на 20 настапи да сноси и некои финансиски последици.