Пејачката Лејди Гага раскинала со момчето, ѕвездата на серијата Вампирски дневници Тејлор Кини, како би се концентрирала на претстојната турнеја. Поп ѕвездата сватила дека е бесмислено да го влече своето момче за време на турнејата.

Извор близок на пејачката изјавил дека таа секој час ќе биде на некој настап, така да се помирила со тоа дека нема да може да има успешна врска со Тејлор. На турнејата “Born This Way Ball” Гага ќе има вкупно 110 настапи и навистина ја чека тешка работа на која ќе мора да биде целосно посветена.