Лејди Гага го прославила својот 28. роденден со енергичен, но краток концерт во њујоршкиот Росленд Балрум. Синоќешниот концерт траел еден час, а публиката можела да ги чуе нејзините хитови како што се Just dance, Born this way, Poker face i Applause, но и нумери од новиот албум  “Artpop”.

Изненадување за публиката било тоа што концертот траел многу кратко. Фановите, по изведувањето, чекале повторно да се појави на сцената, но залудно. Оваа пејачка повторно покажала дека е во сјајна форма и во својот препознатлив екстраваганден стил, а на концертот присуствувало и нејзиното момче Тејлор Кинеј.