Поп пејачката Лејди Гага во музејот Гугенхајм во Њујорк одржала гала вечера по повод лансирањето на својот нов парфем “Fame”. За таа прилика во музејот било поставено големо шише, реплика на пакувањето на нејзиниот нов парфем, во кое пејачката, позната по провокации, извела своевидно реално шоу. Присутните имале можност да ја видат како се шминка, танцува и тетовира во живо.

Нејзиниот личен мајстор и неговиот асистент и истетовирале ангел со круна на делот од главата кој неодамна го избричила. Гага во музејот пристигнала во проѕирен црн фустан, со крзнен шал и перика. Меѓу присутните имало и голем број славни личности, како Линдзи Лохан, Парис Хилтон и Јоко Оно.