Поп ѕвездата Лејди Гага преговара за снимање на филм во кој би ја глумела својата покојна колешка Ејми Вајнхаус. Неименуван извор од Холивуд рекол дека Лејди Гага многу ја обожавала својата колешка и повеќе од се би сакала да ја игра на големото платно.
Истиот извор навел дека би сакала да ги пее песните на Ејми и да има став и изглед кој би одговарал на покојната пејачка. Лејди Гага сакала да започне филмска кариера и на ова гледала како идеална улога за нејзиниот почеток. Таа неодамна изјавила дека веста за смртта на Ејми толку ја погодила, што 48 часа не можела да проговори ниту еден збор.