СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 39-годишно лице од село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање и употреба на невистинито лекарско или ветеринарно уверение“. На 21.09.2018 година првопријавениот, како матичен лекар, ретроактивно и издал боледување на второпријавената, вработена во СВР Охрид, по што таа го употребила таквото боледување за да го оправда отсуството од работа.
Во билтенот на МВР информација и за инцидент што се случил на подрачјето на општина Охрид, вчера, во 19.15 часот на Булевар „Туристичка“. 46-годишно лице од селото Белчишта, физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно докуменитрање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
OhridNews












