Од општата болница од Охрид се сомневаат дека изманиците располагаат со доверливи информации за пациенти кои биле лекувани или оперирани во некоја од скопските клиники или специјализирани болници низ земјата.
– Овие лица најверојатно располагаат со списоци на пациенти од овие здравствени установи, одат по домовите, се претставуваат со лажни легитимации и наплаќаат од 3 до 6000 денари. Во случајот се инволвира и Општата болница Охрид дека наводно ќе дојделе професори после 15 септември и дека со посебна листа пациентите ќе биле викани на преглед за да не се изложуваат на дополнителни трошоци за патување во Скопје, изјави д-р Сашо Василески од охридската општа болница.
Тој упати апел до пациентите да бидат внимателни и да не подлегнуваат на ваквите измами. „Со случајот се запознаени надлежните институции и се надевам дека ќе бидат преземени мерки и дека овие луѓе ќе бидат фатени“, додава д-р Василески.