Лекарите денеска на мирен протест за време на паузата од 11.30 до 12 часот, ќе го изразат своето незадоволство од последните мерки на Министерството за здравство.
Протестот го поддржуваат Самостојниот синдикат на Клиниките и самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, додека против ваквиот начин на изразување незадоволство е новоформираниот синдикат „Мајка Тереза“.
Претходно Основниот суд Скопје 2 во четвртокот одлучувајќи по тужба на Министерството за здравстви го забрани штрајкот на лекарите кој беше закажан за денеска. Незадоволните синдикати најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на судот, но не се откажуваат од правото на штрајк, кој, како што најавија ќе се одржи кога ќе се исполнат законските услови, односно доколку надлежното министерство не ги прифати нивните барања, меѓу кои се и тие за укинување на одлуката за вреднување на трудот по учинок и зголемување на платите.