Ози Озборн веќе некое време е потполно трезен, а луѓето со такво екстремно медицинско минато можат да бидат од огромно значење за медицината. Тој 40 години уживал во алкохолот и разни дроги. Компанијата „Кноме“ добила примерок од неговата крв и одлучила истата да ја испита.


Со тоа сакаат да дознаат како успеал да преживее и покрај фактот што го труел телото цели 40 години. Музичарот никогаш немал посериозни здравствени проблеми, па научниците ќе се обидат да дознаат што го одржувало во таква форма сите изминати години.