Од 1 јули 2012 година, започнува плаќањето според успешност, со што лекарите ќе добиваат плата според тоа колку сработиле во текот на месецот. Според министерот за здравство Никола Тодоров на овој начин лекарите ќе ја добијат заслужената плата.

– Првиот постулат е дека имаме загарантирана плата од 100 проценти на почетокот на месецот, вториот постулат е дека на крајот на месецот некои од здравствените работници кои најмногу се залагале и постигнале најдобри резултати може да бидат наградени со зголемување на платата до 20 проценти за тој месец. Може да бидат казнети со намалување на платата до 20 проценти оние кои несовесно или со помал обем ги извршувале работните задачи во однос на нивните колеги – вели Тодоров.

Ако директорот на болницата забележи дека некој од лекарите заостанува, тогаш ќе ги викне ќе ги опомени и ќе им овоможи до крајот на месецот да ја подобрат работата.

OhridNews