Повеќе од 95 отсто од лекарите специјалисти сметаат дека проектот Плаќање по учинок не е фер и е неправеден, покажало истражувањето на Хелтгрупер, пренесува „Макфакс“.

Учесниците во истражувањето, лекарите-специјалисти изнеле околу 1000 причини поради кои треба неодложно да се ревидира проектот во предложената форма.

Според истражувањето на Хелтгрупер95.2 отсто од лекарите специјалисти сметаат дека проектот Плаќање по учинок е не фер и неправеден во вреднување на трудот.

Дури 88,4 отсто од лекарите сметаат дека проектот се одразува негативно врз тимската работа во колективот, 71,4 отсто од лекарите смета дела проектот непотребно го стимулира бројот на прегледи кои им се прават на пациентит, а 61,4 отсто сметаат дека проектот негативно се одразува на пациентите;

Недоразбирањата поврзани со проектот Плаќање по учинок во континуитет се присутни во изминатите неколку месеци помеѓу лекарите специјалисти и министерството (министерот) за здравство. Поради тоа лекарите најавија генерален штрајк кој е закажан за 14 ноември.

OhridNews