
Тодоров информира дека ценовникот и начинот на вршење на дополнителната дејност е утврдено од страна на министерото и дека веќе е формиран тим од експерти од областа на здравството и економијата кои ќе помогнат во наредниот период од месец и месец и половина колку што ќе трае процедурата за усвојување на овој Закон од Собранието.
Како што потенцира Тодоров, за давање дополнителна дејност, докторот специјалист ќе има обврска да склучи договор со јавната здравствена установа, а новина е што надоместоците за давање на дополнителна дејност ќе се уплаќаат на посебна наменска сметка на ЈЗУ.
Министерот потенцира дека целта е да се стимулираат здравствените работници да вршат што е можно поголем број здравствени услуги и со тоа се зголемат нивнит емесечни примања.












