Ракометарката на Вардар и на српската репрезентација, Андреа Лекиќ, рекла дека повредата нема да ја спречи да настапи на Европското првенство кое од 7. до 21. декември ќе се одржува во Хрватска и Унгарија.
Лекиќ, на натпреварот од Лигата на шампионките против Будуќност, одигран пред две недели во Скопје, ја обнови дисторзијата на скочниот зглоб. Истата повреда таа ја имаше и пред финалето на Светското првенство.
„Ќе играм на ЕП. Ќе одам во Хрватска, таму ќе видиме колку ќе бидам подготвена за настап. Ми кажаа дека ден пред патувањето за Хрватска ќе бидам подготвена да трениерам со полн капацитет. Прашање е само коло ќе бидам физички подоготвена, но ние на ова ЕП мора да се пласираме меѓу првите 11 за да извлечеме полесен противник во баражот за пласман на СП. Осум часа во денот имам терапии, а потоа работам во теретана“, изјавила Лекиќ за „Новости“.
„Макфакс“