Женската ракометна селекција на Србија во групната фаза ги заврши натпреварите на Европското првенството кое се одржува во Хрватска и Унгарија.
Србинките претрпеа три порази во исто толку мечеви и се најголемо разочарување на континенталниот собир.
– Лесно е да бараш виновник, тешко е да ја прифатиш вината. Сите сме криви бидејќи колективно одигравме слаб шампионат. Јас ја преземам кривицата за пеналот во последниот натпревар, кој не го реализирав и значеше крај за нас – рече Андреа Лекиќ.
Покрај „орлите“ елиминација од понатамошните натпревари доживеа и репрезентацијата наХрватска, која најавуваше борба за тронот.
Мх.П.