Докторот Жан-Франсоа Пајен, кој го прими Михаел Шумахер по несреќата во Франција потврди дека Германецот не е повеќе во кома.
Пајен, го посети семејството на Шумахер во Швајцарија и изјави дека опоравувањето на некогашниот Ф1 првак ќе трае три години.
– Животот после повреда на главата е одбележан по фази. Сите се надеваме дека ќе оздрави целосно, но мораме да му дадеме време за тоа – рече докторот од Гренобл.
Шумахер страотната несреќа ја доживеа на 29 декември минатата година во Франција по што беше загрозен неговиот живот.
Мх.П.











