Е шо напрајвме де? Се посравме. Е то напрајвме сите. И како политичари и како народ. Никој. Се посрамотивме. И пред себе и пред светот, а најжално е шо се посрамотивме пред Бога. Вишна на шлагот стајвме и пред парламент и во прламент. Десперадос. Мада ко се думав шо да пишам на денешен ден ко требит да ја чекаме најлудата ноќ, не мислев да пишам некое резиме како се посравме. Сите. Сакам да се потсетиме шо напрајвме ние, од една страна јас и Охрид Њус со пишење на колумните, а од друга страна вие читателите како конзументи на она шо ние го пласирвиме. А  пишевме све е сешто, а убо…..ништо. И нормално е то. Јас не делам оскари за да кажвам убајни. Пишам колумни чија главна цел е критика, сатира, па ак сакате и пљукање по теми и разни зевзеци. А темите се  правопорцијални со бројот на зевзеци шо би се рекло кај нас до бесконечност. Во пишењето ова година многу пати штедев место и вашето време па еве овај пат нека е подолго и се надевам ќе имате трпение за празнициве ако не наеднаш на два три пати да ве потсетам шо пишев, а вие шо читавте. Па и нека е подолго. Не така?

Ќе почнам од себе си зш само себе си се фалев:

Бре бре бре. Од  ден за одмор ми се напрај најработен ден во неделата. За недела зборвам. За малку не ќе стигнев колумна да напишам. Ко ти викам. Се убив од перење гашчи да би без гашчи шетали овие од комисијава за енергетика. Абре светло не ми се палит ми идат со кандило да седам по собивe да би кандило на свадба им светело. Немам обичај да колнам ама….Ај шо уклучив четири машини за перење, ам знајш колку имав за на рака? Тииииии. Ам гашчи не ќе редам во машина. Моја рака дур не ги истрзат не ги редам на газов мајка Јана да е. (20.08)

Го чепнавме и охридскиот градоначалник:

Е сега Сирма се напрајла одма, а кај нас се каснело. Ам чекај де не кревај прашина. Јас ко да подчув дека Аце кај нас праел метро. Иначе зш ние толку време би се дангареле в калојна ко Марена на гроздобер во дожџој? А? Не оти така се прајт то брзо и лесно. Е себет то, нејсе, ќе се напрајт и улицата шо за нас жителите е поважно од прием во ЕУ. И редно беше. Само ме чудит зш овај пат све е фрлено на праење канализации. Дали е зголема единицата говно на глава по жител од чмар во градов или пак допрва се очеквет со кампањиве да се изнапрает многу какајнци….незнам….ќе кажит времето. (29.10 )

Ама не го заборајвме и скопскиот:

Е пусти  Коце Коцкана многу го сакам. Ептем. Абе прво со самана појава ко ќе го видиш онака мил,  ми идат да го галам како пес мал. А плус то е и многу паметен. Абе ко го слушнав се радвев ко мајка на посрано дете. Морееее памет. Да бев помал ќе сакав да ми е татко. Да бев поголем ќе сакав да ми е син. Вака како шо е мојт само сна да ми е. Пусти и  Жан Тод дојде и немојше да ја решит мистеријата на проблемите со снегот при возење, а Коцика го реши. Објасна дека проблем биле првите два три дена да се навикнат возачите на новите услови со снег, а после тие деној летале ко Шумахер. (13.02)

Го чепнавме и Бранета, спасителот:

Јасно Бане кажа дека знајт и дека сватил во шо лежит иднината на НСРМ. Ваљда свати и шо беше ТАТ, шо беше октоподот, бомбона бизнисот…и она шо е најбитно сватил, така викат тој, шо не чинит сега. Алал да му е. Зш не е баш лесно да сватиш шо не чинит сега. Требит голем ум да имаш. Само Бане паше зш не кажа шо е то шо ко ќе го напрајш за да чинит? И викаш да го дајме гласот за тебе, со то ќе сме го даеле гласот за иднината на НСРМ. Незнам шо да кажам. Бар од мое искуство досега сум го дал гласот на сите шо викаа дека го давам за иднината, а иднина видов колку шо можам да си го видам тилов. (29.10)…..Е сега рака на нога малку ја зезна работата Бане ко беше на власт. Вети пред изборите дека од секоја фамилија ќе имат по еден вработен. И би така. Кај шо имаше по тројца вработени избрка двајца за да имат само еден. Е кај шо беа четворица тројца мораше да останат без работа за да се исполнит ветувањето на Баненце. Е тој период се зезна работата зш дотогаш Македонија срљаше во прогрес и незапирливо вработвеше луѓе. (10.09)      

И Кокица:   

Пак кај шо го спомнав Коле. Ми текна. Го гледав интервјуто негово за CNN. Рече дека невработеноста во НСРМ е уште од времето на СФРЈ. Бинго. Откривме у ком зецу грми леж. Зш и тој и Бранко и Бучко и Љубчо се скинаа од вработвење на невработени ама пусто немојш да постигниш зш ептем наследивме невработени од СФРЈ и сега да шеташ по куќи и да делиш решенија не се стигвит…..Јас не би се сложил со Колета до крај. Ситуацијва со вработвењево ние ваква каква шо е зш не од СФРЈ ами причината датират уште од Крушевската Република. Од тогаш се сјеба све и сега ела опрај го. Зш прво и прво се расцвета топчето, а него го опслужвеа неколку илјади работници. Ете ти прва тура на не вработени. После ако се покажеше арно топчето се планираше цела НСРМ да се фрлит на сечење на цреши и производство на топчиња. Замисли колку вработени ќе имаше. Пилани, дрвна индустрија, фабрика за ѓулетни проектили, работници за фитили, па ќе мораше бар сто илјади да се вработат во кибритна иднустрија. (10.09)

Се бараше и бракој од исти пол:

Баш ќе е убо. Ќе дојт…пример….брат ти дома ти со снати…или пак можда  со зет ти и со малото. Е ако дојт со снати ко ќе му се цицат на детето таа, тој де, снати де, ќе ојт во другата соба да го нацицат. А ако пак дојт со зет ти тој ќе мезит со тебе, а сестра ти, брат ти де…тој…поточно таа брат ти ќе…..И Спире сакам да те прашам шојмат во ова збунувачки во вакво воспитвење и шо не е нормално??? Глупости. (22.10)… Кај шо ги спомнав двоцефкине погоре. Со легализација на сексуалните услиги и нивниот статус ќе се регулират. Еве на пример јас ќе се заложам и ќе формирам здружение на граѓани шо сакет љубов со други граѓани. Легално све да си е. А за да си ги остварет својте права ќе си имат и име здружението, све легално. Се подумав како да го крстам и незнам зш ми дојде идеја да се викат…..„АНАЛГИН“.(19.03)

Ја добивме најголемата скопска г`с папирница – Сити Мол:

Ама гс папирон ми е најважен. Не само за мене. За цела македонска нација. Незнам само политичариве дал купија. Ваљда зедоа. Зш како и нас така посебно нив најботрено им е то. Гс папир. Толку многу какаме сите во ова држава шо само  ваков Молски гс папир не спасвит од сите гомнејнци. А факт дека интерпелација на владата беше во дебела сенка на отворањево на гс папиријадава ја оправдуват важноста на решавање на сераторијанцијава во НСРМ. Море каков прилепски пиво фест. Догодина да сме здрави и живи и изнапосрани скопски ГС ПАПИР ФЕСТ. Како ам. Еееееее времиња. Ова ме враќат назад години кога Пере Гошев настапи со слоганот “со чисти раце“. Ако се кандидарам јас годиниве менвам слоган “со чист чмар“ (08.10)

Арно ама и во Охрид ќе се фалиме со “Лас Охридас“:

Ама важно комплексот ќе е прва лига. Конечно многу работи шо ни фалеа на нас македонциве ќе ги имаме. Спа, велнес, фитнес, а посебно му се радвам на голфот. Зш ние сите во Македонија сме задоени со голф. Е ко мал колку имам играно ко ќе ми текнит. За нашкола закасвев зш играв голф. ( 03.12 )

Воведовме и  Е-медицина:

Мада мислам дека  со фејсбук е најпрактично. Зш тогаш една фаза од лечењево се избегвит. Не мораш да ојш на матичен ами сам директно ќе си најдиш слободен специјалиста. Да бе. Еве ти  пример. Со факти. Не само јади трици. Да речиме имаш проблем со хемороиди. Пример. Го сликаш чмарот ко ќе ти ти се појават хемороидите. На статус го објасвиш проблемот, кога ти се појавувет, како ти се појавувет и ја прикачвиш сликата. Ги тагвиш сите хирурзи шо ти се френдој и твојата работа е завршена. Сега само чекаш. (13.08)     

И нормално информатиката ни срљат во прогрес, а со то и вајарлес сексот:

Абе си работиш со сакаш,  ти идат наум се конектираш и бркаш работа. После неморат да си во иста соба, само да си во домет.  И просто е.  Укључвиш срч авијалибл вајалес конекшн го најџвиш од женати сурсот и само си конектираш. Без кабелот. А филингот е исти. Само требит да пазиш дан го рекогнајз сурсот од некоја комшивка, дан и се конектираш па дан почнит да дишит пред маж је а тој не конектиран. Ќе напрајш пиздарија.  Исто требит опулени очите твојата дан почнит на сред пеглање да продишвит забрзано. Зато обавезно пасворд на модемот од жена ти.(02.07)

Тодоров беше сегдека и све:

Да си политичар требит да си све. Ко Колета. Тодоров. Ловец на пајаци, откривач на пушачи и пушачки, експерт за тоалетна галантерија и друга позамантерија дури и се напрај медицинска сестра. Седна на шалтер. Е да ти кажам сега ми е башча срцево ко ќе седам в чекална два сати, а од другата страна Спајдермен насмеан. Ти испотен, преку бииииип све ти е дојдено, нервозен и после два сати стигвиш на шалтер спремен да ја поздравиш и мајка и и сестра и на  та шо е на шалтер ко то опаааа…..наместо некоја со образи в црвени како со ќерамида и фрузура како од на мотор да се возела….ене…Кокица. Насмеан. И како да не се радвиш. Абре оса е чоекот. Сега очеквам да посетит некоја гинекологија, да бидит малку бабица  и  ќе се испотепам да ме породит. Или жолчка да ми истајт. Шо да е нешто. По нешто да го памтам. Не само по пушењето. Пример. (11.06)

А човекојадецот Заев се стори Сулејман:

А нај топ беше Зоранчо….Заев. Со си жена му. Тој видов дека е Сулејман. Само останав скинат за информација дали жена му е Махидевран или Хурем. Некој искоментира дур го гледавме то од кај му текнало на Заев да се преправат дека е султан Сулејман. Да ви појаснам. Зокица навистина живејт како султан во Струмица од ко го помилува Баненце, прва причина, а втора, сфати чоекот дек тек така не се јадет живи луѓе туку прво требит да им ја скиниш глата. Да не претет.(27.02)

Владата сними преубај реклами за охриѓани како угостители:

Можевме да снимиме и реклама например кај шо продавачка мават некој на каса со мартадела в гла зш прашал колку пари е. Или слаткар кој го секнит носот пред да ти клајт сладолед. А?  Или пак ја заборајвме најубата реклама. Градско веце, влегвит онај не пигментиранион на реклами од Англија, од кај е незнам, цена стојт 10 еври, барат шупелов гс папир, а нашиов ендемичен вид……“ебаго дан сакаш ја да ти го забриша калешко“. Топ.(04.06)

Ама и донесе нов правилник како да се облеквет професорките:

Од сега професорките строго ќе облеквет ролки ама оние до муцка. А на муцката маскирна подкапа за само очите да им се гледет. Зш види не е провокативен само средниот и долниот дел на телелото ами и усните. Немат веќе миничи нити тесни пантоли туку долу ќе облеквет врешчи за компири за да не им се оцртвет облините на телото. Тангата се забранвит со устав и од денес со почеток на школската година професорките ќе носат боксерици. Незнам само шо тип ќе носет ваљда како Панчета шо се. Од врешчата нагоре, да не речам цицките, профеосрките немат да имет деколте ами ролки и секоја цицка ќе си клаед во по една дисаѓа. За да не се приметливи. Така машките ученици ептем појќе ќе се сконцентрирет на наставата. А и шо ќе им фалит на професорките посебно на зима. Ионака во школите јок нафта – јок греење. ( 23.01 )

Поглавицата на под дифолт загрозените, Али Амети,  даде многу уба изјава:

Евентуалното непочитување на деловникот или Уставот, како и на Рамковниот договор ќе предизвика сериозна криза. Ќе ја суспендира демократијата во земјава и ќе ги влоши меѓуетничките односи“ …. е ова го рече. Мада мојше ова со два збора да го кажит:  “ ЧЕ ПУКАМ“.( 17.09 )

Ова е само дел од она шо напрајвме во 2012. Мојме уште 100 страни да одделиме ни и ова е доста да се сватит поентата во нашата  НСРМ, а то е:

Е сега најновата реклама шо ме бендиса ја видов пред некој ден. Покажаа неколку фудбалери, секој си зборна на свој јазик, меѓу кој замисли имаше еден шо прозборе на  македонски. Ги дадоа во крупен кадар и видов дека се во жив зид застанати и гласот на рекламата рече: сите не болит истото. Све ќе беше убо ако овие не беа во жив зид и не се фатија како сите фудбалери во жив зид за мадињата и за стапот. Колку ли само симболика и памет во ова реклама. Не требеа реклама да прает за да ни кажет дека во НСРМ за државава и  нашава иднина не болит стапот. Та политичиратите та народот. И едните и другите се држиме за стапот, а та пропаѓат. (03.09)       

И на крајот немат да го напрам очекуваното. Да ви честитам Нова 2013-та  Година по класичното клише, здравје, мавје, љубов бла бла бла, туку ќе се помолам на  Господ  во 2013-та на сите да ни дајт:

СИЛА

Да го издржиме она шо не можиме да го промениме   

ПАМЕТ

До го промениме она шо можиме И

РАЗУМ   

Да напрајме разлика помеѓу првото и второто

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.